Партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Фидес, убедливо победи на изборите за претставници на Европскиот парламент.

Според првичните проценки партијата на Орбан освои над 50 проценти од гласовите, односно 55 проценти.

Проекциите на релевантниот Политико.еу, се дека партијата на Орбан доби 14 седишта во Европскиот парламент, од вкупно 21 што и припаѓаат на Унгарија.

Останатите партии, Демократската коалиција, Движењето за подобра Унгарија и Унгарската социјалистичка партија добија по два мандати. Едно седиште е проектирано за Движењето моментум.

Инаку излезноста на изборите во Унгарија се зголеми на 30,5 %, што е за 11% повеќе од 2014 година.

Партијата Националниот собир на Марин Ле Пен, според првите проценки од денешното гласање победи на европските избори, јавува дописникот на МИА.

Крајно-десничарската партија предводена од Жордан Бардела доби 24 отсто од гласовите, односно може да се надева на 22 до 26 пратенички места во Стразбур. Партијата на претседателот Емануел Макрон доживеа пораз, со 22,5 отсто од гласовите, односно листата предводена од Натали Лоазо ќе има меѓу 20 и 24 седишта.

Листата на Европа Екологија предводена од Јаник Жадо се наметна како трета политичка сила со 12,5 отсто од гласовите и со можност да има меѓу 11 и 14 европратеници.

Републиканците од семејството на Народните партии, предводена од Франсоа-Ксавие Белами падна на само 8,5 проценти од гласовите со само 7 до 10 европратеници.

Непокорна Франција на Жан Луи Меланшон, предводена од Манон Обри освојува 6,5 отсто од гласовите, исто како и листата на Рафаел Гликсман Желба за еколошка и социјална Европа (социјалистичка партија), двете листи можат да се надеваат секоја на 5 до 8 европратеници.

Првите резултати од излезните анкети за изборите за ЕП во Германија, укажуваат на тоа дека владејачкиот блок на германската канцеларка Ангела Меркел ЦДУ/ЦСУ, иако во значителен пад, доби најголема поддршка, односно од 28 отсто од гласовите.

Во битката за местата во ЕП, Зелените се во голема корист и втори се по поддршка, додека крајната е во мал пораст, објавија германски медиуми.

Иако владејачкиот блок ЦДУ / ЦСУ на германската канцеларка Ангела Меркел ја доби најголема поддршка од 28 отсто од гласовите, тоа претставува значителен пад во однос на претходниот европски избори, кога унијата на десниот центар освои 35,4 отсто од гласовите.

Германските социјалдемократи оваа година паднаа од 20,7 отсто во 2014 година на 15,5 отсто.

Германските Зелените се на второ место со 22 отсто од гласовите по ЦДУ / ЦСУ, што е двојно повеќе од претходните европски избори.

Крајната десница, Алтернатива за Германија освои 10,5 отсто од гласовите, што е повеќе од 2014 година, но помалку од резултатите од парламентарните избори во 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.