Напорите за спречување на ширењето на коронавирусот ќе се фокусираат на таргетирано и масовно тестирање на работници од суштинско значење и на одржување на училиштата во функција оваа недела, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, откако се состана со оперативното тело одговорно за справување со епидемијата, пренесува „Хангари тудеј“.

Се бориме за училиштата и градинките да останат отворени, рече Орбан во видео објавено на Фејсбук.

Орбан рече дека јавниот образовен систем минатата недела ги издржа предизвиците и се надева дека ќе го стори тоа и оваа недела.

Очекуваме мнозинството од 47.000 вработени во домови за социјална грижа и 191.000 во јавни образовни установи да се пријават за тестирањето, што е доброволно, рече Орбан.

Додава дека за извршување на оваа задача се ангажирани 2.000 универзитетски студенти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.