Унгарскиот премиер, Виктор Орбан изјави денеска дека добивањето на сектор во Европската Комисија којшто се однесува на проширувањето и соседската политика, претставува најголем дипломатски успех на земјата во последните десет години.

Орбан изјави дека Унгарија во последните години никогаш не успеала да постигне слично влијание во Европската Унија.

Тој истакна дека многумина се труделе да ја спречат Унгарија да ја добие таа функција, како и оти опозицијата во Брисел се обидела да спречи Оливер Вархелји да биде избран.

Орбан тврди и дека американскиот финансиер Џорџ Сорос лично се интересирал со истата цел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.