Разговорите меѓу унгарскиот премиер Виктор Орбан и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара биле фокусирани на војната во Украина и прашањата за енергетската безбедност, соопшти денеска портпаролот на унгарскиот премиер Берталан Хаваши, пренесе МТИ.

Тој изјави дека Унгарија и Турција, како соседи на Украина, се во интерес што поскоро да се постигне „праведен мир“ по дипломатски пат.

„Мора да се избегне влегувањето во војната и нејзината ескалација“, се вели во изјавата на двајцата лидери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.