Владејачката партија Фидес во Унгарија би можела да излезе од блокот на десниот центар на Европска Унија откако прими мешани сигнали за намерите на Европска народна партија (ЕПП) по суспензијата на Фидес од групата, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Членството ни е суспендирано. Чекаме ЕПП да ги разбистри своите погледи и планови и тогаш ќе одлучиме – истакна Орбан.

ЕПП во март го суспендира членството на Фидес. Фидес не беше поканета и на дводневниот состанок на ЕП неделава во Хрватска.

Прашање е дали (новиот претседател на ЕПП), може да го запре свртувањето во лево. Ако може, имаме заедничка иднина. Ако не, мораме да изградиме уште една политичка заедница – истакна Орбан.

ЕПП најави дека ќе испрати група во Унгарија која ќе ги истражи условите и ќе одлучи дали ќе го задржи Фидес во своите редови, додека новиот претседател на ЕПП, Доналд Туск очекува таквиот процес да биде завршен до крајот на јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.