Европа не смее да подлегне на влијанието на мрежата на финансиерoт Џорџ Сорос, порачува унгарскиот премиер, Виктор Орбан. Тој реагира на текстот на Сорос за порталот „Проџект синдикејт“, во кој американскиот бизнисмен со унгарско потекло ги советува европските лидери строго да ги казнуваат оние членови кои не сакаат да бидат дел од обединетото европско царство под слоганот „Отворено небо“.

Иако од различно потекло, европските нации се поврзани со заеднички корен на нашата вера. Христијанската слобода обезбеди слобода на мислата и културата и создаде позитивна конкуренција меѓу народите. Овој прекрасен амалгам на контраст ја направи Европа водечка сила во минатите векови – вели Орбан.

Според унгарскиот премиер, таа мрежа со години работи на претворање на Европа во имигрантски континент.

Низ историјата, силата на Европа отсекогаш потекнувала од нејзините нации. Секој обид за обединување на Европа под покровителство на империјата не успеа. Историското искуство покажува дека Европа ќе биде повторно голема ако нејзините народи повторно станат големи и се спротивстават на сите форми на империјална амбиција – вели Орбан.

Орбан истакнува дека големи сили повторно сакаат да ги искоренат европските народи и да го обединат континентот под покровителство на глобалната империја.

Мрежата на Сорос, која се плетеше низ европската бирократија и нејзината политичка елита, со години работи на претворање на Европа во имигрантски континент. Денес мрежата на Сорос, која промовира глобално отворено општество и се обидува да ги укине националните рамки, е најголемата закана со која се соочуваат државите на Европската унија. Целите на мрежата се очигледни: да се создадат мултиетнички, мултикултурни отворени општества со забрзување на миграцијата и да се уништи националното донесување на одлуки, ставајќи го во рацете на глобалната елита – вели Орбан.

Според него, мрежата на Сорос сака да изврши поголем притисок врз европските држави од кога било досега и ги врти народите едни против други.

Оперативниот систем на мрежата е лавиринтински и е присутен во различни сфери на јавниот живот. На платниот список на Џорџ Сорос се наоѓа долг список на политичари, новинари, судии, бирократи и политички агитатори кои се маскираат како членови на граѓански организации. И иако милијардерот ги обвинува сите свои непријатели за корупција, тој самиот е најкорумпираниот човек на светот. Тој поткува луѓе на сите страни, а оние кои не може да ги поткупи мрежата ќе бидат оцрнети, понижени, заплашувани и уништени преку своето оружје: пролевичарските медиумите – вели унгарскиот премиер.

Орбан истакнува дека разликите меѓу двата концепта се очигледни.

Сорос сака отворено општество, додека ние сакаме безбедно општество. Според него, демократијата може да биде само либерална, додека ние сметаме дека може да биде христијанска. Според него, слободата може да послужи само за самореализација, додека ние веруваме дека слободата може да се искористи и за следење на Христовите учења, за служење на својата земја и за заштита на нашите семејства. Основата на христијанската слобода е слободата на одлучување. Ова сега е загрозено. Ако сакаме да ја зачуваме нашата слобода, Европа не смее да подлегне на влијанието на мрежата на Сорос – вели Орбан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.