Премиерот на Унгарија Виктор Орбан денеска во Нови Сад изјави дека Европа ќе има тешка зима, како што рече, „потешка отколку што многумина мислат“.

Ќе имаме тешка зима, војната во Украина не става во тешка ситуација. На Србија и е тешко затоа што не е членка на ЕУ, а нам ни е тешко затоа што сме членка на ЕУ, рече Орбан на отворањето на Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад.

Тој оцени дека Унгарија и Србија се „безбедни, без разлика дали станува збор за природен гас или за земјоделство“, наведувајќи дека особено важна е одлуката да се обезбеди железничка транспортна линија од грчките пристаништа преку Србија и Унгарија до Европа.

Сите сме заинтересирани за истото прашање: дали ќе има гориво, ако е така – по која цена, ќе можеме ли да ги обезбедиме потребите на нашите граѓани“, рече Орбан.

Тој додаде дека херои во пандемијата на коронавирус биле лекарите и дека во актуелната економска криза земјоделците ќе бидат херои, бидејќи од нив ќе зависи дали ќе има леб на трпезата, и дали ќе има глад.

Ако не успееме да обезбедиме леб за сите, тогаш огромни маси ќе се преселат во Европа, а то ќе бидат луѓето кои ќе се обидувата да преживеат. Оваа миграција нема да има почит ниту кон Србија, ниту кон Унгарија Ако сакаме да ја избегнеме оваа миграција , мора да обезбедиме храна за овие луѓе“, рече унгарскиот премиер.

Тој ги критикуваше санкциите што ЕУ и ги воведува на Русија и оцени дека тие се „еднакви на атомска бомба“, бидејќи, според него, можат да доведат до глад и појава на маса мигранти на границите .

Ние прво мора да размислуваме за хранење на нашиот народ и сите луѓе во светот, рече Орбан.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.