Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан со писмо се обрати до лидерот на италијанската десничарска Лига, Матео Салвини во кое му заблагодарува на напорите да го спречи приливот на илегални мигранти во Европа.

Ние, Унгарците, никогаш нема да заборавиме дека бевте првиот западноевропски лидер кој се обиде да ги спречи илегалните мигранти да ја преплават Европа преку Средоземно Море, напиша Орбан во писмото, кое на новинарите им го прочита неговиот шеф на кабинетот Берталан Хаваси.

Без разлика на идниот политички развој во Италија и фактот дека припаѓаме на различни групи во Европскиот парламент, „Вас ве сметаме за брат по оружје во борбата да го зачуваме европското христијанско наследство и да ја спречиме миграцијата“, наведува Орбан во писмото.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.