Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати писмо до Европската народна партија (ЕПП) во кое ги информира дека во моментов е презафатен за да води бесконечни академски расправии за состојбата со демократијата во Унгарија. Некои од по-центристички ориентираните партии во ЕПП, како и серија лево ориентирани полиичари и медиуми од ЕУ и САД го обвинија Орбан за кршење на демократските норми затоа што земјата прогласи вонредна состојба за полесно да се справи со корона вирусот. Нивните обвинувања се надоврзуваат на повеќегодишната кампања против Орбан, како водечки десничарски лидер од средна Европа.

Со сета должна почит, немам време за ова сега! Подготвен сум да дискутираме за било кое прашање откако ќе заврши пандемијата. Дотогаш, ќе го посветам моето целосно внимание на борбата да се спасат унгарските животи, и да се спроведат мерки за економска и општествена обнова на земјата по епидемијата, во согласност со Уставот. Ве советувам и вие да го сторите истото во вашите земји, пишува Орбан во писмото упатено до генералниот секретар на ЕПП Антонио Лопез Истуриз.

Во писмото, Орбан изразува вчудоневиденост дека политичари имаат слободно време да се занимаваат со состојбата во Унгарија, додека целиот свет се бори со пандемијата и со силниот удар врз економијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.