Унгарскиот премиер Виктор Орбан побара од лидерите на партиите – членки на ЕПП (Европската народна партија) да ѝ се извинат на Унгарија за кампањата со навреди и критики која ја водеа во екот на епидемијата на корона вирусот.

Неговото писмо следува откако комесарката Вера Јурова, која ја анализираше состојбата во Унгарија, посочи дека вонредната состојба е во согласност со правилата на ЕУ.

Унгарија беше напаѓана од левичарски, но и од некои од десничарските партии и политичари во ЕУ, поради воведувањето на вонредна состојба. Иако Будимпешта инсистираше дека мерките кои ги воведе се во согласност како со унгарскиот Устав така и со правилата на ЕУ, и се слични на мерките воведени во многу други европски држави, Унгарија беше посочена како некаков исклучок и напаѓана како недемократска земја.

Орбан во своето писмо вели дека очекувал напади и навреди од левицата, но особено е погоден од навредите упатени од претседателот на ЕПП Доналд Туск. Туск дури отиде дотаму што направи споредба меѓу мерките воведени во Унгарија и нацистичкиот идеолог Карл Шмит.

Ова не е прв ваков напад врз Унгарија, но е досега најбезобразен и најциничен. Штетата не може да се надомести. Јас сум им благодарен на нашите вистински сојузници, кои и покрај сите притисоци, останаа лојални на вистината и застанаа покрај нас. А тие кои свесно или несвесно ширеа дезинфорамции, од нив очекувам извинување во име на сите Унгарци. Не смееме да им дозволиме на нашите политички противници да го монополизираат прашањето на владеење на правото и да го претворат во нивен партиски инструмент. Наскоро треба да донесеме одлука дали ќе дозволиме да бидеме поделени и ослабени или ќе застанеме заедно и ќе продолжиме да бидеме водечката конзервативна сила во европската политика, посочи Орбан во неговото писмо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.