Цените за изнајмување станови во поголемите германски градови престанаа да раснат во последниот квартал од минатата година. Во некои случаи, тие почнаа да паѓаат, покажува истражувањето на агенцијата Ф + Б којашто ги следи цените на недвижностите.

Во споредба со истиот период во 2018 година, кириите за ново изнајмените станови се намалени за 0,3 проценти. Ова особено важи за областите на југот на Германија, особено МИнхен.

Цените за изнајмување на станови најмногу опаднале во Гармиш-Партенкирхен 4,4 проценти и во Штутгарт – три проценти. Минхен со 16,4 евра по квадратен метар, без комунални трошоци, останува најскапиот град во Германија. Во Берлин, каде што станарините и цените на недвижности бележат најголем раст во последните десет години, киријата падна за 1,2 проценти. Но, во исто време, киријата на постојните договори за закуп е зголемена за 0,4 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.