Специјалниот известувач на ОН за човекови права, Томас Кинтана, предупреди дека најзагрозените жители во Cеверна Кореја се „изложени на сериозен ризик од глад“, затоа што економијата во земјата се влошува поради блокадата наметната поради корона вирусот. Тој додава дека санкциите на ОН воведени поради нуклеарната програма на земјата треба да бидат ублажени.

Во јуни, државната севернокорејска телевизија објави дека Cеверна Кореја се соочува со „прехранбена криза“, предупредувајќи дека земјата која е со ослабен земјоделски сектор веќе долго време не може да се справи со прехранување на своето население.

Во истиот месец, лидерот Ким Џонг Ун изјави дека состојбата со храната „станува се понапната“.

Севернокорејците секојдневно се борат за достоинствен живот, а влошената хуманитарна ситуација може да прерасне во сериозна криза – вели Кинтана.

Тој истакнува дека ограничувањата кон земјата треба да бидат ублажени за да се заштитат најранливите во земјата во услови на акутен недостиг на храна.

Најранливите деца и постари лица се изложени на ризик од смрт од глад – предупредува Кинтана.

Според него, санкциитевоведени од Советот за безбедност на ОН треба да бидат повторно разгледани и олеснети онаму каде што е потребно за да се олесни и пристапот до хуманитарната помош.

Извештајот доаѓа околу три месеци откако Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации соопшти дека Cеверна Кореја оваа година се соочува со недостиг од околу 860.000 тони храна и дека може да доживее „тежок период на недостиг“.

официјален Пјонгјанг останува надвор од разговорите за својата нуклеарна програма по неуспехот на вториот самит меѓу Ким и тогашниот американски претседател Доналд Трамп во Ханој и ги отфрла напорите на Јужна Кореја за заживување на дијалогот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.