ОН имаат намера да им платат на талибанците речиси шест милиони долари за заштита на  капацитетите на светската организација во Авганистан. Како што пишуваат западни медиуми повикувајќи се на внатрешен документ на ОН, парите ќе му бидат исплатени шефот на Министерството за внатрешни, кој е предмет на санкции на ОН и САД и по кој трага ФБИ.

Сумата ќе биде исплатена следниот месец, главно за субвенционирање на платите на талибанските борци кои ги чуваат локациите на меѓународната организација во Авганистан. Планирано е и покривање на месечните оброци на овие чувари, што е напишано во договор со претходната влада во Кабул.

Неколку експерти велат дека предметната исплата предизвикува сомнеж дали се прекршуваат санкциите против талибанците и нивните лидери и дали ОН ќе можат да следат дали средствата се пренасочуваат за други цели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.