Претставничката на Обединетите нации (ОН) за Мјанмар остро го осуди „крвопролевањето“ во земјата во која само во текот на последното деноноќие беа убиени 39 луѓе во демонстрациите против воената хунта.

Меѓународната заедница, особено регионалните актери, треба да се обединат во знак на солидарност со луѓето во Мјанмар и нивните аспирации за демократија – нагласи претставничката на ОН, Кристин Шране.

Од 39 жртви, 22 луѓе се убиени во предградие на Јангон. Се стравува дека бројот на жртви може да биде поголем.

Протестите почнаа на 1 февруари, кога армијата ја презеде власта во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.