Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Мишел Башелет, во вторникот ги повика руските власти да спроведат „темелна, транспарентна, независна и непристрасна истрага“ за труењето на рускиот опозициски лидер, Алексиј Навални, пренесува Дојче Веле.

Таа додаде дека Навални „очигледно е некој на кому му треба државна заштита“.

Бројот на случаи на труење или други форми на насочен атентат врз сегашни или поранешни руски граѓани, или во самата Русија или на странско тло, во последните две децении е длабоко вознемирувачки, рече Бачелет и додаде дека „И, неуспехот во многу случаи да ги повика сторителите на одговорност и да обезбеди правда за жртвите или нивните семејства, е исто така длабоко за жалење и тешко е да се објасни или оправда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.