Швајцарските кантони Женева и Во ставија во карантин 2.000 луѓе, од кои поголемиот број деца, откако во едно меѓународно училиште се откриени два случаи на сојот Омикрон на корона вирусот.

По два потврдени случаи на сојот Омикрон оваа недела во кампусот Шатонеур на меѓународното училиште во Женева, Медицинските служби во Во и во Женева заеднички одлучија да ги стават во десетдневен карантин сите ученици и персоналот на кампусот – се наведува во соопштението на женевските власти.

Тестови треба да направат и родителите, браќата и сестрите на учениците.

Претходно беа регистирани неколку случаи на сојот Омикрон во пет швајцарски кантони и беше воведена забрана за влез на лица од Јужна Африка и карантин за патниците кои пристигнуваат од 23 држави, меѓу кои и Јапонија, Велика Британија и Канада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.