Околу половина милион Израелци примија вакцина развиена од Фајзер против Ковид-19, само девет дена од почетокот на вакцинацијата на населението, јави агенцијата ТПС.

Министерот за здравство Јули Еделштајн синоќа изјави дека повеќе од 115.000 граѓани биле вакцинирани во понеделникот, и вкупно 495.000.

За девет дена вакцинирање, Израел има повеќе вакцинирани граѓани отколку 408.990 заразени од почетокот на епидемијата во февруари.

Не случајно сме водечка земја во светот според брзината на вакцинирање. Ние продолжуваме да го вакцинираме Израел, изјави тој.

Израел потпиша договори со „Фајзер“, „Модерна“ и „АстраЗенека“. Во следните неколку месеци се очекува да пристигнат 14 милиони дози на вакцини.

Израел влезе во блокада на целата земја во неделата вечерта, третото национално затворање поради Ковид-19 за 10 месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.