Околу 99 отсто од светската популација дише воздух што ги надминува границите за квалитет на воздухот на Светската здравствена организација (СЗО), а луѓето во земјите со низок и среден приход се најмногу изложени на загадување, покажува најновата база на податоци на агенцијата на ОН.

Извештајот на агенцијата вклучува податоци за загадувачите на воздухот, како што се честичките и азот диоксидот, кои се наоѓаат во емисиите на фосилни горива и се виновни за некои респираторни и срцеви заболувања, мерени во период помеѓу 2010 и 2019 година и опфаќа повеќе од 6.000 градови во 117 земји.

Во извештајот се наведува дека најмалку седум милиони луѓе годишно умираат од загадениот воздух.

Од СЗО соопштија дека нивоата на мали и опасни честички во воздухот во регионите на Африка и Западниот Пацифик биле речиси осум пати повисоки од упатствата на агенцијата, додека најниски нивоа се забележани во Европа.

Во 117 земји каде што биле следен квалитетот на воздухот, помалку од еден процент од градовите во земјите со низок и среден приход ги исполнуваат праговите за загадување препорачани од СЗО.

Спротивно на тоа, само 17 отсто од градовите во земјите со високи приходи се под насоките за квалитетот на воздухот на СЗО



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.