Израелскиот министер за здравство, Jули Еделштајн, соопшти дека 90 отсто од населението во Израел на возраст од 50 години и повеќе е вакцинирано со барем една доза од вакцината против корона вирусот или, пак, е излекувано од Ковид-19.

Како што наведе Еделштајн на Твитер, околу три четвртини од тоа население сега може да добие потврда за вакцинација или закрепнување.

Претходно, од Министерството за здравство соопштија дека во последните десет недели е забележан најмал број сериозно болни пациенти, односно 717.

Во Израел во полн ек е масовна кампања за вакцинација, која почна на 19 декември и продолжува во време кога таа земја постепено го укинува третото заклучување од почетокот на пандемијата, бидејќи бројот на новозаразени и тешки случаи е намален.
Досега, 5.797 Израелци починаа од Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.