Американската национална управа за безбедност во сообраќајот на патиштата истражува сомневања дека можно неисправни воздушни перничиња од јапонската компанија „Таката“ можеби се вградени во приближно 30 милиони возила во САД.

Станува збор за автомобили произведени од околу 20 компании меѓу 2001 и 2019 година. Меѓу нив се и Хонда мотор, Форд, Тојота, Генерал моторс, Нисан, Субару, Тесла, Мазда и БМВ.

„Таката“ беше среде сличен скандал и во 2014 година. Според американските регулаторни тела, воздушните перничиња направени од јапонската компанија поради дефект и во случај на несреќа може да не се отворат правилно или да пукнат и да се распрснат врз луѓето. Како последица, досега најмалку 20 луѓе загинаа во светот, а стотици се повредени.

Најмалку 100 милиони возила од различни марки беа повлечени од пазарот поради неисправни воздушни перничиња. Во 2017 година „Таката“ објави стечајна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.