Мексиканската државна нафтена компанија „Пемекс“ соопшти дека пукнала цевка на подводниот гасовод во Мексиканскиот залив, што предизвика пламен што вриеше на површината на водите на Заливот.

Од компанијата наведуваат дека на местото на несреќата биле испратени чамци за контрола на пожар.

Компанијата Пемекс соопшти дека биле потребни повеќе од пет часа за целосно гаснење на пожарот и додаде дека инцидентот бил предизвикан од истекување гас од подводен гасовод.

На социјалните мрежи се појавија снимки од огнената стихија што излегува од водата и наликува на стопена лава. Корисниците на социјалните мрежи ја нарекоа „огнено око“ поради нејзината кружна форма.

Пожарот почнал во подводниот цевковод на нафтената платформа „Ку Малоб Заап“, најважната платформа на оваа компанија. Компанијата „Пемекс“ соопшти дека никој не е повреден во инцидентот и почна истрага за причините за пожарот.

Анхел Каризалес, шеф на регулаторната агенција АСЕА, на Твитер напиша дека пожарот „не предизвика никакво излевање“, но не објасни што точно гореше на површината на океанот.

Нафтената платформа Ку Малуб Заап е најголемиот производител на сурова нафта во Пемекс и произведува повеќе од 40 отсто од речиси 1,7 милиони барели дневно производство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.