Германската министерка за одбрана, Анегрет Крамп-Каренбауер, изјави дека Германија ги повлекла сите свои војници од Авганистан со последниот лет за евакуација од Кабул.

Сите војници, членови на Министерството за надворешни работи и федералната полиција кои ја доведоа оваа мисија до безбеден крај за нас, полетаа од Кабул. Согласно тоа, мисијата за воена евакуација е завршена – изјави министерката.

Новинската агенција ДПА претходно јави дека попладнево полетал последниот германски воен лет за евакуација на германски државјани и локален персонал од Авганистан.

Според податоците на германското Министерство за одбрана, Бундесверот префрлил 5.193 лица од почетокот на мисијата за евакуација од Авганистан, а биле извршени вкупно 34 летови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.