Стотици луѓе вакцинирани против коронавирусот учествуваа на концерт на отворено организиран од градската управа на Тел Авив во петокот, прв ваков концерт од избивањето на пандемијата. Танцувајќи на трибините, петстотини воодушевени посетители со заштитни маски го следеа концертот на израелскиот поп-пејач Иври Лидер на фудбалскиот стадион Блумфилд.

Ова е навистина одлично, среќна сум и со нетрпение го чекам концертот, изјавила Роут Гофер.

Се надевам дека ова е почеток на времето кога ќе можеме да се вратиме во нормалниот живот, додаде таа.

За да можат да влезат на стадионот, посетителите морале да покажат потврда од израелското Министерство за здравство дека ги добиле обете дози на Pfizer / BioNTech.

Израел, кој вакцинираше повеќе од половина од својата популација барем со првата доза на вакцината против коронавирус, постепено излезе од третиот карантин на почетокот на февруари.

Пристапот до културни настани, спортски сали и хотели во моментов е достапен само за оние кои имаат потврда за вакцинација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.