Одобрувањето за вакцината „Спутник V“ во Европската унија ќе се одложи, бидејќи рокот за доставување дополнителни податоци е пробиен, изјавија за Ројтерс две лица запознаени со темата, што, патем, ги намалува шансите на ЕУ во борбата против пандемијата.

Изворот, кој е член на германската влада, соопштил дека неуспехот да се достават потребните клинички податоци до Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ја одложи одлуката на европскиот блок најрано за септември.

Одобрувањето на „Спутник V“ најверојатно ќе се одложи до септември, а можеби и до крајот на годината – изјави службеникот кој сакаше да остане анонимен.

ЕМА се очекуваше да ја заврши ревизијата на „Спутник V“ до крајот на мај или јуни.

Друг извор рече дека рокот за доставување на документацијата е пробиен на 10 јуни, а производителот, рускиот институт „Гамалеј“, наводно рекол дека документацијата ќе ја испрати следната недела или најдоцна до крајот на месецот.

Рускиот фонд за директни инвестиции, кој се занимава со маркетинг на вакцината, вели дека ревизијата на ЕМА е во тек.

Сите информации за „Спутник V“ и клиничките тестови беа предадени на една од службите на ЕМА и ревизијата беше завршена и испратена до раководителите на Европската агенција за лекови – соопшти РДИФ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.