Мексиканка чија ќерка била убиена од нарко картел три години ги барала убијците на својата ќерка за да им се одмазди. Миријам Родригез не се откажала од барањето одговори откако нејзината 20-годишна ќерка, Карен Алехандра Салинас Родргиез била киднапирана, по што од картелот барале пари од мајката за да ја пуштат.

Карен никогаш не се вратила кај нејзината мајка, затоа што во 2014 година нејзиното тело е пронајдено на напуштен ранч во Мексико.

Њјујорк тајмс“ ја објави невеорјатна приказна на Миријам за тоа како се впуштила во смртоносната мисија да ја одмазди својата ќерка и почнала истрага за тоа кој е виновен нејзината смрт.

На почетокот на својата мисија дошла до еден член на бандата и го молела да ја пуштат. Тој ѝ рекол дека картелот не ја држи нејзината черка, но се понудил за помош во потрагата, па за тоа ѝ барал пари. Миријам платила, а потоа во текот на разговорот слушнала за некој човек по име Сама.

На социјалните мрежи го нашла човекот и видела дека работи во продавница за сладолед, па со недели го чекала пред продавницата додоека тој не се појавил. Миријам (56) го следела до неговата куќа и се преправала дека е државен изборен службеник за да дознае повеќе за него од неговите соседи.

Потоа тргнала во потрага по други вмешани во убиството на нејзината ќерка, заради што го сменила и изгледот, се правела дека е некој друг, имала лажни лични карти, носела пиштол…

Сето тоа го направила за да му се приближи на картелот Зета, а отишла толку далеку што се нашла со членови на нивните семејства за да дојде до бараните адреси.

Успеала да најде еден маж и се сретнала со него во уличка, каде му ставила пиштол на чело и му се заканувала дека ќе го убие ако мрдне.

Иако некои членови на кртелот во меѓувреме се откажале од криминалните дејствија и почнале нормален живот, Миријам сите со ред ги запишувала, а нивните имиња ги дала на полицијата. Успеала да ја доведе полицијата до десетмина членови на картелот Зета.

Но, еден ден платила висока цена за тоа. На Денот на мајката во 2017 година убиена е пред нејзиниот дом со 12 куршуми. Ја застрелал еден од момците за кој мислела дека има врска со убиството на ќерка ѝ, по што Миријам починала.

На крајот постхумно е наградена со бронзена плакета на градот Сан Фернандо, а со својата мисија е инспирација за многумина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.