Африка

Сите локални активности за избори и регистрација на гласачи во Јужна Африка (првично планирани за март-мај 2020 година)

Локални избори во два града во Тунис (првично закажани за 28-29 март 2020 година)

Дополнителни избори за сенаторска единица во три покрани во Нигерија (првично закажани за март 2020 година)

Дополнителни избори во покраина во Зимбабве (првично закажани за 4 април 2020 година)

Дополнителни избори во покраина во Гамбија (првично закажани за 16 април 2020 година)

Парламентарни избори, Етиопија (првично закажани за 29 август 2020 година)

Дополнителни избори, Кенија (првично закажани за април, јуни-јули 2020 година)

групи од специјален интерес, Уганда (првично закажани за април-мај 2020 година)

Америка

Прелиминарните избори во 15 држави низ САД и неколку локални избори низ целата земја (првично закажани за март – мај 2020 година).

Референдум за една изборна единица, Фолкландски Острови, британска прекуокеанска територија (првично закажан за 26 март 2020 година).

Избори за одбор на активностите на заедницата, Колумбија (првично закажани за 26 април 2020 година)

Локални избори во покраина во Перу (првично закажани за 29 март 2020 година)

Локални избори во град во Аргентина (првично закажани за 29 март 2020 година)

Дополнителни избори во Викторија и Росланд, Канада (првично закажани за 4 април 2020 година), Референдум во Камлупс, Канада (првично закажан за 4 април 2020 година), Дополнителни избори во Литон, Канада (првично закажани за 25 април 2020 година)

Дополнителни избори за позиција на сенатор во Мато Гросо Бразил (првично закажани за 26 април 2020 година)

Уставен референдум, Чиле (првично планиран за 26 април 2020 година)

Општи избори, Боливија (првично закажани за 3 мај 2020 година), исто така, локални национални избори во Боливија (првично закажани за март 2020 година)

Локални (секторски и општински) избори, Уругвај (првично закажани за 10 мај 2020 година)

Прелиминарни избори во Парагвај (првично закажани за 12 јули) и Локални (општински) избори во Парагвај (првично закажани за 8 ноември) презакажани за 2021 година.

Локални избори во Коахуила и Хидалго, Мексико (првично закажани за 7 јуни 2020 година)

Претседателски и законодавни избори, Доминиканска Република (првично закажани за 17 мај 2020 година)

Азија

Парламентарни избори во Индија (првично закажани за 26 март 2020 година)

Дополнителни избори, Пакистан (првично закажани за март 2020 година)

Избори за локален совет, Малдиви (првично закажани за 4 април 2020 година)

Локални избори, Киргистан (првично закажани за 12 април 2020 година)

Парламентарни избори, Сирија (првично закажани за 13 април 2020 година, презакажани за 19 јули 2020 година)

Втор круг парламентарни избори, Иран (првично закажани за 17 април 2020 година, презакажани за 11 септември 2020 година)

Парламентарни избори, Шри Ланка (првично закажани за 25 април 2020 година, презакажани за 20 јуни 2020 година)

Регионални (локални) избори, Индонезија (првично закажани за 23 септември 2020 година, одложени за 9 декември 2020 година)

Европа

Општински и избори за градоначалник во Ворарлберг, Австрија (првично закажани за 15 март 2020 година)

Вонредни избори за градоначалник на градот Подуево, Косово (првично закажани за 15 март 2020 година)

Референдум за абортус, Гибралтар, британска прекуокенска територија (првично закажан за 19 март 2020 година)

Вториот круг од локалните избори во Франција (првично закажани за 22 март 2020 година, презакажани за 21 јуни 2020 година)

Дополнителни избори во Сенатот, Теплице Чешка (првично закажани за 27-28 март и 3-4 април 2020 година)

Локални избори во Хесен и Саксонија, Германија (првично закажани од април-октомври 2020 година)

Регионални избори во Еускади и Галиција, Шпанија (првично закажани за 5 април 2020 година)

Референдум за измени во уставниот суд, Ерменија (првично закажан за 5 април 2020 година)

Локални избори во Тиват, Црна Гора (првично закажани за 5 април 2020 година)

Парламентарни избори во Македонија (првично закажани за 12 април 2020 година)

Уставно гласање низ целата земја во Русија (првично закажано за 22 април 2020 година).

Покрај тоа, Централната изборна комисија на Русија донесе одлука (03.04.2020) да ги одложи сите избори првично закажани во периодот од 5 април до 23 јуни до подоцнежен датум. Одлуката опфаќа околу 94 изборни процеси на локално и на регионално ниво.

Избори за локална власт на островот Ман, самоуправна територија на Британската круна (првично закажани за 23 април 2020 година)

Локални предвремени избори за градски совет во Рига, Латвија (првично закажани за 25 април 2020 година, презакажани за 5 септември 2020 година)

Општи избори во Србија (првично закажани за 26 април 2020 година)

Избори за раководство на кипарските Турци во Кипар (првично планирани за 26 април 2020 година, презакажани за 11 октомври 2020 година)

Локални избори во 118 англиски совети, Лондонското собрание и за седум англиски регионални градоначалници, како и полициски комисионери во Англија (првично закажани за првата недела од мај, закажани за мај 2021 година) Полициски комисионери во Велс (првично закажани за првата недела од мај, закажани за мај 2021 година), Дополнителни избори за локална влада во покраини во Шкотска (првично закажани за 14 и 21 мај 2020 година)

Избор на француски советници во странство и конзуларни делегати (првично закажан за 16 и 17 мај 2020 година)

Референдум во Италија за намалување на бројот на места во парламентот (првично закажан за 29 март 2020 година) покрај повеќето регионални и локални избори

Локални избори во Романија (првично закажани за 10 мај 2020)

Океанија

Избори за локлна влада во Њу Саут Велс, Австралија (првично закажани за септември 2020 година)

Дополнителни избори во покраини на Соломонски Острови (првично закажани за јуни 2020 година)

Општи избори во Автономниот регион Бугенвил во Папуа Нова Гвинеја (првично закажани за јуни 2020 година)

Парламентарни избори, Кирибати (закажани за 7 април 2020 година, поместени за 14 април 2020 година)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.