Официјална Москва протера 20 чешки дипломати во неделата како одговор на чешките наводи дека двајца руски шпиони обвинети за труење со нервен гас, во Британија, во 2018 година, биле зад експлозијата што се случи во чешко депо за муниција при што се убиени две лица.

Во саботата, официјална Прага нареди 18 руски дипломати да ја напуштат земјата, поттикнувајќи ја Русија да вети дека ќе ги „ги натера авторите на таа провокација целосно да ја разберат одговорноста за уништување на базата за нормални врски меѓу нашите држави“.

Москва на чешките дипломати им даде само еден ден да заминат, додека Прага на Русите им даде три дена.

Чешката република кажа дека ги информирала сојузниците во НАТО и во Европската унија дека се сомнева оти Русија ја предизвикала експлозијата во 2014, и министрите за надворешни работи на ЕУ за ова дискутираат на нивниот понеделнички состанок.

Американскиот Стејт департмент го пофали цврстиот одговор на Прага на „руските субверзивни акции на чешка почва“.

Ова е најголема кавга меѓу Прага и Москва од крајот на децениската советска доминација во источна Европа во 1989.

Исто така се додава дека растечките тензии меѓу Русија Западот воопшто, зголемени делумно и заради руското натрупување на војска на нивните западни граници и во Крим, што Москва го анексираше од Украина во 2014, по наплив на борби меѓу владините и про-руските сили на исток на Украина.

Русија соопшти дека обвинувањата од Прага се апсурдни, бидејќи претходно ги обвини сопствениците на депото за експлозијата во Врбетице, 300 километри источно од главниот град.

Русија ги нарече протерувањата „продолжување на низата антируски акции преземени од Чешка во последниве години“, обвинувајќи ја Прага дека „се обидува да ги задоволи Соединетите држави по неодамнешните американски санкции против Русија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.