Од утре во главниот град на Италија, Рим ќе се воведе полициски час. Полицискиот час ќе трае од полноќ до пет часот наутро. Оваа општа забрана за движење во ноќните часови ќе биде на сила 30 дена.

Одлуката ја потпиша гувернерот на Лацио Никола Ѕингарети, додека премиерот Џузепе Конте ги замоли Италијанците да го ограничат своето движење и да се воздржат од какви било непотребни активности.

Излегувањето од дома во ноќните часови ќе биде дозволено само за одење на работа и итни ситуации.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.