Најмалку 80 лица починаа од коронавирусот, а само во Кина се заразени 2.744 лица. Вирусот продолжи да се шири во светот, каде што се регистрирани 50 заразени случаи, од кои петмина во САД.

Околу 60 милиони луѓе се во делумен или целосен карантин, бидејќи кинеските власти во неколку градови забранија влез и излез од градот.

Властите во Кина исто така ги повикаа лицата кои биле во Вухан во последните две недели, градот од каде што почна да се шири вирусот, да се пријават во карантин.

Како што пренесуваат странските агенции, во болниците во Вухан има заразени и меѓу медицинскиот персонал.

Засега нема смртни случаи надвор од Кина, а вирусот стигна и во Европа, во Франција, каде што се заразени три лица.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.