На автопат близу Лос Анџелес, во американската сојузна држава Калифорнија, се случила несекојдневна верижна сообраќајна незгода. На дури 36 автомобили им се дупнале гумите, откако од камион испаднала кутија со клинци, по што настанал хаос на коловозот.

Kако што може да се види на снимките по несреќата, некои возачи успеале да ги заменат дупнатите гума, но некои немале резервна, па морале да чекаат помош.

Набргу по објавувањето на веста изби жестока дебата… Наводно, поранешен вработен во продавница за машински делови изјавил дека претпоставениот му рекол да ги земе шајките и да ги фрли низ прозорецот.

Сепак, според полицијата, овој инцидент не бил намерно предизвикан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.