Од 22 јануари, сите патници кои ќе сакат да влезат во САД, а чие патување се карактеризира како исклучително важно, ќе мора да бидат целосно вакцинирани против корона вирусот. Ваквата одлука е барање на американскиот претседател Џо Бајден кое се разгледува и треба да биде објавено наскоро.

САД овој месец воведоа барање за целосна вакцинација на сите поединци кои пристигнуваат во земјата како туристи.

Одлуките ќе важат и за сите лица кои влегуваат во земјата со траект, соопшти анонимен претставник на Белата куќа.

Мерката се однесува на оние луѓе кои не се американски државјани. Секој што има американско државјанство или постојан престој во таа земја може да влезе без разлика дали е вакциниран или не, но ќе биде подложен на тестирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.