Данска од денес ги укинува сите мерки воведени за спречување на ширењето на коронавирусот. Овој потег властите го објаснуваат со високиот процент вакцинирано население.

Граѓаните повеќе нема да треба да ја покажуваат потврдата за вакцинација или дека прележале ковид дури ни на масовни настани, како што се фудбалски натпревари, ниту во ноќните клубови кои веќе се отворени.

Од денес Данска веќе нема да ја смета ковид-19 за „општествено загрозувачка болест“.

Минатите неколку месеци вадата постепени ги укинуваше мерките, како што е задолжителното носење маска.

Од почетокот на овој месец повторно е дозволен ноќен живот, по година и половина затворени локали.

Министерот за здравство Магнус Хојнике вели дека сето ова е можно поради високиот број вакцинирани. Имено, досега 83 отсто Данци се целосно вакцинирани.

Сепак, за туристите кои влегуваат во Данска антиковид мерките остануваат на сила, а тестот за присуство на коронавирус ќе зависи од која земја доаѓа патникот, пренесува Хина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.