Од денеска абортусот е легален во цела Астралија.

Државата Нов Јужен Велс вчера донесе закон со кој се декриминализира абортусот и со кој е заменет законот стар 119 години, пренесе „Би-би-си“.

„Би-би-си“ јави дека до вчера абортус во Нов Јужен Велс бил можен само со заклучок на лекарите дека бременоста претставува сериозен здравствен ризик за жената.

Новиот закон е изгласан со 26-14 во долниот дом на таа држава, по расправата за повеќе од 100 можни амандмани.

Горниот дом на парламентот веќе го прифати.

Оваа реформа во голема мера била критикувана од страна на некои пратеници со поинакви ставови, но амандманите во последен момент конечно ги убедиле некои конзервативни пратеници, а нацрт-законот привлекол поддршка и од другите партии.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.