Денес Министерството за здравство на Русија одобри употреба на вакцина против коронарниот вирус „Спутник V“ за бремени жени, објави министерот Михаил Мурашко. Тој прецизира дека експертската заедница одлучила да ги укине контраиндикациите за употреба на таа вакцина за бремени жени.

Ова ја отвора можноста да се вакцинираат бремени жени со висок ризик од тешка форма на инфекција – рече Мурашко на владиниот совет за борба против ширењето на коронавирусот.

Тој објасни дека одлуката е донесена земајќи ги предвид позитивните резултати од клиничките испитувања и безбедноста на вакцината, како и податоците собрани за нејзината ефикасност и безбедност за време на клиничките испитувања во периодот по регистрацијата.

Мурашко потенцираше дека бремените жени, меѓу другото, можат да бидат заразени и со вирусот корона, со тешка форма. Вакцината Спутник V, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“ во соработка со Рускиот фонд за директни инвестиции, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство, што ја прави прва регистрирана вакцина против вирусот корона во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.