Од денес почнува постепено олабавување на антиковид-19 мерките во Унгарија. Премиерот Виктор Орбан денес ја информираше нацијата дека веќе 2.5 милиони луѓе се вакцинирани.

Согласно како се поставени работите во следните 7 дена бројот на вакцинирани ќе порасне на околу 3.5 милиони граѓани на Унарија и ќе продолжи и потоа, но тоа е зацртаната граница кога ќе почне посериозно олабавување на мерките.
Целта е во текот на мај веќе да нема потреба за никакви мерки освен основните поврзани со маски и држење дистанца на невакцинираните, соопшти тој.

Од денес започнуваат повторно со работа флизерите, козметичарите и други дејности кои даваат услуги а се отвораат и сите продавници со назнака дека може да има по еден посетител на десет квадрати. Полицискиот час наместо од 20.00 часот ќе биде од 22.00 до 05.00 часот. Се поместува и работата на продавниците да е наместо до 19.00 до 21.00 часот.

Остануваат уште некое време на сила мерките за забрана за влез во Унгарија освен за бизнис и образовни причини и се разбира транзит, и мерката со која се затворени ресторантите и кафичите, освен за нарачки на храна и пијалоци дома.

Од 19 април учениците се враќаат во училиштата.

Од денес практично започнува градуално отворање на економијата кое треба да финишира во мај и потоа да имаат помирно и понормално лето, враќање на туризмот, ресторантите, забавите и ноќниот живот и раст на економијата.
Барем вакцинираните и оние кои стекнале антитела по природен пат.

Мерките беа воведени во средината на ноември, а зајакнати на 8 март со затворање и на продавниците, освен оние за храна, аптеки и бензиски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.