Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека епидемијата на ебола во Конго е прогласена за глобална здравствена закана, бидејќи смртоносниот вирус неделава се проширил во град со два милиони жители.

Одборот од експерти на СЗО одби во три претходни наврати да го предложи прогласувањето на еболата за глобална здравствена закана, иако други експерти тврдат дека за тоа уште одамна имало услови, па реакцијата е задоцнета.

Неделава првиот случај на ебола бил потврден во Гомa, голема регионална крстосница на границата помеѓу Конго и Руанда со меѓународен аеродром. Експертите со месеци стравувале од ваков развој на настаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.