Јапонија одлучи да ја класифицира короната како помалку сериозна болест од 8 мај, изјави денеска јапонскиот премиер Фумио Кишида.

Кишида рече дека ова вклучува ревидирање на мерките за заштита од корона вирусот, како што е откажување на упатствата за луѓето да носат заштитни маски во јавните затворени простори, пренесува Ројтерс.

Последен пат, јапонската влада ги ревидираше мерките против коронавирусот во мај минатата година.

Јапонија повторно ги отвори своите граници за вакцинирани туристи на 11 октомври минатата година, по повеќе од две години ограничувања поради пандемијата.

Во Јапонија, третата по големина економија во светот, стапката на смртност од корона беше најниска меѓу најбогатите нации во светот, додека стапката на вакцинација беше меѓу највисоките.

Во Јапонија никогаш не е воведено правилото за задолжително носење маски, додава Ројтерс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.