Од 1 октомври за влез во Ватикан ќе биде потребен здравствен сертификат со кој се докажува имунитет против Ковид-19.

Oд Светата столица во соопштение објавија дека жителите, работниците и посетителите ќе треба да го носат таканаречиот Ковид-пасош што веќе се користи во Италија.

Исклучок ќе се прави за оние кои присуствуваат на литургијата „за времето потребно за обредот“.

Ковид-пасошот, што првично беше дизајниран да го олесни патувањето меѓу земјите од Европската Унија, покажува дали некој бил вакциниран против Ковид-19, дали имал негативен тест за Ковид или неодамна се опоравил од корона вирусот.

Минатиот четврток, италијанската влада им нареди на сите работници да го покажуваат својот зелен сертификат од 15 октомври, во обид да ја засилат кампањата за вакцинација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.