Њујоршкото обвинителство по долготрајна правна борба ги доби даночните документи на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп.

Барањето за документите, испратени од книговодствената фирма, „Мазарс УСА“, е дел од истрагата во финансиските трансакции на Трамп и неговата компанија „Организација Трамп“.

Портпарол на Сајрус Венс, окружниот обвинител на Менхетн, потврди дека документите биле добиени во понеделникот, кога Врхвниот суд одби барањето на Трамп да се блокира судскиот увид во документите.

Портпаролот Дени Фрост не даде дополнителни објаснувања.

Барањето за увид во даночните поврати на Трамп и други финансиски документи, е дел од истрагата на Венс за наводни исплати од изборната кампањата на Трамп во 2016 година за поткуп на жени кои имале сексуални односи со поранешниот претседател. Истрагата се прошири во општ увид за можните криминални активности на компанијата на Трамп.

Откако изгуби во пониските судски инстанци, кои пресудија дека книговодителот треба да ги даде документите, наспроти тврдењето на Трамп дека случајот е преопшт и е почнат за да му наштети морално и физички, адвокатите на Трамп го истераа случајот до највисоката судска инстанца.

Екс претседатело ја нарече истрагата на обвинителството од Менхетн „лов на вештерки“. Тој смета дека таа е политички мотивирана.

Оваа риболовна експедиција никогаш не требаше да биде одобрена од Врховниот суд, но тоа се случи. Нешто што не му се случило на ниту еден претседател претходно. Инспирирано од демократи во локација целосно под контрола на демократи, Њујорк – изјави Трамп во соопштение по одлуката на судот.

Според познавачите, иако во документите увид ќе имаат обвинителите и судот, тие најверојатно нема да бидат достапни за јавноста, според правилата за тајност на постапките на големата порота.

Оваа истрага е една од неколку што моментално се водат против Трамп. Последната е онаа на државните обвинители на Џорџија, кои моментално испитуваат дали поранешниот претседател извршил притисок врз избрани државни функционери за да ги насочи изборните резултати во своја полза. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.