Средбата на земјите-членки на ОБСЕ што ја побара Украина за усогласување со Виенскиот документ за мерки за градење доверба и безбедност заради разјаснување на ситуацијата на руско-украинската граница е закажанa за вторник.

Консултациите ќе се одржат зад затворени врати утре попладне – вели извор од ОБСЕ, како одговор на прашањето за времето на очекуваната средба, пренесува БГНЕС.

На средбата ќе може да учествува секоја заинтересирана земја-членка на ОБСЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.