Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) соопшти дека драстично го намалила бројот на набљудувачи кои ќе ги следат претседателските избори во САД поради пандемијата со новиот коронавирус.

ОБСЕ на изборите во САД што ќе се одржат ќе испрати само 30 набљудувачи.

Портпаролката на ОБСЕ, Катја Андруш истакна дека првично било планирано во САД да се испратат 100 долгорочни и 400 краткорочни набљудувачи, но поради пандемијата и рестрикциите за патувања ќе испрати 30.

Таа истакна дека 30 набљудувачи ќе отпатуваат во САД на почетокот на следиот месец и нагласи дека ниту еден набљудувач не е од Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.