Две дози од руската вакцина „Спутник 5“ на меѓународниот пазар ќе чинат помалку од 20 американски долари (по 10 долари од доза), додека за руските граѓани таа ќе биде бесплатна.

Шефот на рускиот Државен фонд за национално богатство (РДИФ), Кирил Дмитриев, претходно најави дека Русија за својата вакцина ќе наплатува помалку отколку нејзините конкуренти, бидејќи Москва има намера во наредната година да произведе повеќе од милијарда дози за земјата и странство.

Дмитриев изјавата ја даде откако РДИФ и Националниот центар „Гамалеја“ соопштија дека новите податоци за клиничките испитувања, темелени на 39 потврдени случаи и 18.794 пациенти кои ги примиле двете дози на вакцината, покажале дека „Спутник 5“ е 91,4 проценти ефикасен на 28. ден и над 95 проценти на 42. ден од примањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.