Ерменскиот премиер Никол Пашинјан, соопшти дека се согласил да се сретне со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на 25 мај во Москва. Разговорите ќе се одржат со посредство на рускиот претседател Владимир Путин во услови на тензии меѓу двете кавкаски земји.

Добивме предлог од Русија да организираме трилатералеа состанок на највисоко ниво на 25 мај, со посредство на рускиот претседател. Го прифативме предлогот“, изјави Пашинјан на седницата на Владата.

Азербејџанскиот претседател се уште не го потврдил своето присуство.

Министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан утре треба да се сретнат во Москва во рамки на мировните преговори.

Земјите имаат несогласување за контрола на Нагорно-Карабах,територија во која главно живеат Ерменци и која се отцепи од Азербејџан, што доведе до војна која однесе 30.000 животи во 90-тите години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.