Иако починала од срцев удар моменти пред да ја обесат поради убиство, жена од Иран била ставена на јажето за бесење само за мајката на убиениот да го добие правото да ѝ го тргне столчето од под нозете.

Станува збор за случајот на Захра Исмаили, која била осудена за убиство на сопругот, инаку ирански разузнавач, кој ја злоставувал неа и нивната ќерка, но таа сепак добила смртна казна за убиство. Нејзиниот адвокат Омид Моради објаснил дека додека чекала во ред за бесење, заедно со уште 16 други мажи осудени на смртна казна, оваа мајка на две деца починала од срцев удар гледајќи како пред неа се бесат осудениците.

Нејзиното тело било ставено на бесилката за свекрвата да ја добие својата правда според шеријатскиот закон, кој вели дека жртвата или семејството на жртвата имаат право на еднаква одмазда.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.