Oткриено e што пишуваше на дланката на Дерек Шовин, полицаецот, кој беше прогласен за виновен за убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд, убиен при полициска интервенција во мај минатата година.

Адвокатот на Шовин, Ерик Нелсон, за медиумите изјави дека поранешниот полицаец го напишал неговиот телефонски број на раката, бидејќи знаел дека ако поротата го прогласи за виновен, нема да му биде дозволена кауција и дека сигурно ќе му биде одреден притвор.

Му беше јасно дека, бидејќи тој беше поранешен полицаец, неговата употреба на телефон ќе биде ограничена, но дека ќе му биде дозволено да го повика својот адвокат. За секој случај, тој го напиша својот телефонски број на дланката на левата рака. Поради неговата поранешна работа, но и случајот кој веќе подолго време се води против него, тој веќе неколку пати бил на суд и е свесен дека доколку биде прогласен за виновен, многу бргу ќе биде затворен, без можност за разговор со адвокат по пресудата – изјави Нелсон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.