Обединетите Нации (ООН) соопштија дека нивните истражувачи во понеделник ќе ги објават своите сознанија за случајот со рускиот опозициски лидер, Андреј Навални.

Најавено е дека специјалниот известувач на ООН за слобода на говор Ирена Хан и специјалниот известувач за вонсудски спогодби Ањес Каламар, на прес-конференција во Женева, ќе ги објават своите наоди за случајот Навални.

Алексеј Навални, кој беше уапсен во јануари во Москва побара од Обединетите Нации да го испитаат случајот со неговото труење. Германската Влада на 2 септември, повикувајќи се на лабораторијата во Бундесвер, соопшти дека рускиот опозиционер бил отруен со супстанца од групата хемиски боени отрови „Новичок“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.