Високиот комесар на ОН за човекови права, Мишел Бачелет, предупреди за сериозно кршење на човековите права под воената власт во Мјанмар и ја повика меѓународната заедница да стори многу повеќе за да спречи ескалација на конфликтот.

Националните последици се ужасни и трагични. Регионалните последици исто така можат да бидат длабоки – истакна Бачелет.

Таа нагласи дека „меѓународната заедница мора двојно да ги зголеми напорите за да ја врати демократијата и да спречи поширок конфликт пред да биде предоцна“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.