Во пресрет на средбата помеѓу претседателот на Турција и на Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин, специјалниот пратеник на Обединети нации за Сирија, Геир Педерсен ги повика да помогнат за обезбедување мир во сириската провинција Идлиб.

За време на брифингот во Советот за безбедност на ОН, Педерсен истакна дека Сирија е поделена на неколку зони во кои меѓународните играчи се натпреваруваат за превласт.

Тој додаде дека нападите врз камповите на раселените лица се засилени, особено на турско-сириската граница во провинцијата Идлиб.

Убеден сум дека ситуацијата на теренот во Идлиб ќе биде важно прашање на средба меѓу Путин и Ердоган. Многу зависи од нив – наведе Педерсен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.