Хуманитарната и постојана координаторка на Обединетите нации на палестинските територии Лин Хестингс порача дека палестинските деца заслужуваат да живеат во сигурност и заштита, а не само да имаат образование.

Децата не само што имаат право на безбедно образование, туку и на посебна заштита според меѓународното право со оглед на нивната посебна ранливост – се вели во соопштението на Хестингс.

Според официјалните претставници на ОН, од почетокот на 2021 година, 79 палестински деца загинале, а 1.269 се повредени.

Шеесет и седум деца беа убиени во Појасот Газа за време на неодамнешната ескалација на конфликтот, а едно во јуни од експлозивните остатоци од војната – изјави Хестингс, додавајќи дека израелските сили на Западниот брег, вклучувајќи го источниот дел на Ерусалим, убиле уште 11 палестински деца.

Палестинските власти вчера објавија почеток на учебната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.