Лидерот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот на Абу Даби, Калифа Бин Зајед Ал Нахјан денеска издаде указ со кој формално се става крај на бојкотот на Израел од страна на таа арапска држава, а овој акт е резултат на договорот за нормализирање и воспоставување дипломатски односи меѓу ОАЕ и Израел.

Според договорот објавен на 13 август, Израел ќе го напушти планот за анексија на окупираните палестински територии на Западниот Брег.

Според државната новинска агенција на ОАЕ, на израелските компании и државјаните на Израел со уредбата им е дозволено да извршуваат деловни активности во Емиратите, а исто така се дозволува и купување стоки произведени во Израел и трговија со нив.

Регулативата е дел од „напорите на ОАЕ насочени кон проширување на дипломатската и трговската соработка со Израел“, се вели во извештајот.

Со овој акт е поништен законот за бојкот на Израел, кој Емиратите го донесоа во 1972 година поради палестинското прашање. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.